_ _    _ _____  ___   __                       
 __      _(_) | _(_)___ / ( _ ) / /_   ___ ___  _ __ ___  
 \ \ /\ / / | |/ / | |_ \ / _ \| '_ \ / __/ _ \| '_ ` _ \ 
  \ V  V /| |   <| |___) | (_) | (_) | (_| (_) | | | | | |
   \_/\_/ |_|_|\_\_|____/ \___/ \___(_)___\___/|_| |_| |_|

Викторија (езеро)

Викториино Езеро
ПодрачјеАфрика
Координати1°S 33°E / 1° ЈГШ; 33° ИГД / -1; 33
Главни приливиРеката Кагера
Главни истециБел Нил (река)
Слив{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
}}
184,000 km2 (71,000 ми)
238,900 km2 (92,200 ми) basin км2
Сливни земјиТанзанија
Уганда
Кенија
Најг. должина359 kм (223 ми) км
Најг. ширина337 kм (209 ми) км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
}}
59,947 km2 (23,146 ми) км2
Прос. длабочина41 м (135 ст) м
Најг. длабочина81 м (266 ст) м
Зафатнина2,424 km3 (582 cu mi) км3
Брег7,142 kм (4,438 ми) км
Надм. височина1,135 м (3,724 ст) м
Острови3,000 (Островите Сесе, Уганда)
Населени местаБукоба, Танзанија
Мванза, Танзанија
Мусома, Танзанија
Кисуму, Кенија
Заливот Кенду, Кенија
Заливот Хома, Кенија
Кампала, Уганда
Ентебе, Уганда
Џинџа, Уганда
1 Бреговата должина не е добро определена мерка.

Викторииното Езеро — најголемото езеро во Африка, а второ слатководно езеро во светот и главен резервоар на реката Нил. Езерото има груб четириаголен облик, а се наоѓа во средиштето на висорамнината што ги раздвојува западниот и источиот крак на Големата Раседна Долина. Создадено е пред околу 2 милиони години, кога зголемувањето на косината на Земјата кора меѓу краците ја пренасочило површинската вода во плитка вдлабнатина на површината на висорамнината. Викторииното Езеро нема големи притоки - неговото иво го одржуваат обилните врнежи и водата што дотекува од околните ридови. Неговите брегови се една од најгусто населените области во Африка, а градовите Кампала, Кисума и Мванза се наоѓаат во непосредна близина. Големиот број острови во езерото, исто така, се населени. Северниот брег се одликува со многу долги и тесни полуocтрови, меѓу кои има мочуришни области што се прошируваат далеку од внатрешноста на копното и претставуваат засолниште на реткиот вид на големата антилопа ситатунга. Викторииното Езеро потекнува од пред 20 милиони години - што значи дека е многу старо кога се во прашање езерата - и во него се развиле неколку стотини ендемски видови, главно риби од родот циклиди внесувањето на нилскиот костреш (ендемски вид риба во Нил и Туркана) во северниот дел на езерото се покажа како еколошка катастрофа за езерските видови риби. Кострешот е грабливец кој јаде многу и денес живее во сите делови на езерото, така што бројот на домородните видови риби е на загрижувачко ниво.

Езеро Викторија е најголемото езеро во Африка . Езерото Викторија ги опфаќа источните делови на Африка помеѓу државите : Танзанија , Уганда и Кенија . Викторија зафаќа 68 000 км2 површина , длабоко е 84 метри и се наоѓа на 1.134 метри надморска височина . Од Езерото Викторија извира Реката Нил којашто е најголема река во Африка со 6 . 970 километри должина и се влева во северните делови на Средоземното Море . Реката Нил се дели на два дела : Бел и Син Нил . Езерото Викторија е најголем резервоар на вода , на Реката Нил .

Наводи

  1. 1,0 1,1 Hamilton, Stuart (Salisbury University) (2016). „Shoreline, Lake Victoria, vector polygon, ~2015“ (Data Set). Harvard Dataverse. doi:10.7910/DVN/PWFW26. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Hamilton, Stuart (2018). „Lake Victoria Statistics from this Dataverse“ (Data Set). Harvard Dataverse. doi:10.7910/DVN/FVJJ4A. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. Database for Hydrological Time Series of Inland Waters (DAHITI) – Victoria, Lake, retrieved 20 April 2017.
  4. C.F. Hickling (1961). Tropical Inland Fisheries. London: Longmans.
  5. J.-P. vanden Bossche, G. M. Bernacsek (1990). „Lake Victoria“. Source book for inland fishery resources of Africa. Volume 1. CIFA Technical Paper No. 18/1. Food and Agricultural Organization. стр. 83–87. ISBN 92-5-102983-0.

Галерија

Наводи